Скопје десетта година го слави џезот со TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ

Целодневна програма со домашни и странски музичари, детски настани и настап на Леб и сол по повод јубилејното издание.

Скопје на 30 април повторно ќе се приклучи на глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот со десеттото издание на фестивалот TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ, кој годинава го одбележува својот прв голем јубилеј.

Настанот ќе се одржи во Паркот „Ибни Пајко“, со целодневна програма и слободен влез за публиката. Фестивалот, кој веќе една деценија го носи духот на светската џез сцена во срцето на градот, годинава започнува во 12:00 часот со програмата Jazz for Kids во Паркот „Фредерик Шопен“ во Кисела Вода.

Попладневниот дел продолжува во Паркот „Ибни Пајко“, каде од 16:00 часот ќе настапи Next to Silence, а потоа следуваат Peach Vice во 17:00 часот и Arnau Garrofé: “Frantik Zen” во 18:00 часот. Во 19:00 часот публиката ќе може да го проследи проектот Jaco Lives!, посветен на легендарниот Џако Пасториус, во изведба на Националниот џез оркестар и Dane Alderson.

Концертот ќе биде под диригентската палка на Sigi Feigl од Австрија. Фестивалската вечер ќе ја заокружи настапот на Леб и сол во 20:00 часот, како еден од најочекуваните моменти на јубилејното издание. Меѓународниот ден на џезот се одбележува на 30 април, откако во 2011 година UNESCO, по иницијатива на Херби Хенкок, го прогласи овој датум за глобален ден посветен на џезот.

Денес, повеќе од 190 земји се вклучуваат во прославата, препознавајќи го џезот како уметност што поврзува, обединува и отвора простор за слобода, дијалог и креативност. Со TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ, Скопје и годинава станува дел од светската мрежа на градови што го слават џезот како музика, култура и начин на размислување. – сео пакет

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни