Тина Русева е наша гостинка во новата епизода на РеТРН – млада музичарка која со многу енергија и љубов кон музиката веќе почна да ги претвора големите соништа во реалност.
Таа живее во Леверкузен, но често е на релација Германија – Македонија, па моравме да ја ставиме пред избор: Скопје или Леверкузен?
Тина е победничка на „The Voice of Europe 2025“, па со неа зборуваме за тоа како воопшто се пријавила на натпреварот, како изгледал патот до финалето и што било тоа што ја однело до победата.
Откриваме и во каква музика најмногу се пронаоѓа, што најмногу сака да изведува и како изгледа животот на млада музичарка која своето секојдневие го дели меѓу две земји. Колку се разликува животот во Македонија од оној во Германија ?
Погледнете ја новата епизода на РеТрн
