Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да се снајдат добро на среднорочните избори. Во разговор за „Фокс њуз“ додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.
„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите“, рече Трамп. „Бев на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни.“
„Мислам дека собирите вечерва ќе имаат големо влијание. Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.
Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која тврдеше дека „се распаѓа“.
