Најновиот филм за суперхерои од DC, The Flash, не го доби интересот на публиката што го очекуваше, на против, овој филм за суперхеори е со најлоша заработка во кината. Филмот заработи само 261.1 милиони долари од неговата премиера на 15 јуни.
Снимањето на The Flash, од режисерот Анди Мушиети, го чинеше Warner Bros околу 200 милиони долари, а со трошоците за маркетинг и огласување, вкупно потрошениот износ е околу 450 милиони дилари, што значи дека студиото во моментов трпи загуби од околу 200 милиони долари.
Ова е најголемата финансиска загуба која ја остварил еден филм за суперхерои и е уште еден во низата филмови на DC кои не успеваат да ја привлечат публиката. Претходно лошо помина и Shazam!: Fury of the Gods. Shazam! излезе од кината со загуби од околу 150 милиони долари, додека филмот со Двејн Џонсон, Black Adam, исто така донесе загуби од околу 100 милиони долари.

Неуспехот на The Flash се припишува на различни фактори како што се контроверзи и обвинувања против главниот актер Езра Милер, релативната нејасност на ликот на The Flash и моменталната состојба на DC. Пред снимањето, Милер беше уапсен двапати и се соочи со повеќе правни обвиненија, вклучително и напад и кражба. Иако актерот минатата година се извини преку изјава, на социјалните мрежи имаше многу повици за бојкот на филмот.
Филмот успеа да заработи само 55 милиони долари во првиот викенд на прикажување, додека за споредба, Avengers: Endgame, суперхеројскиот филм со најголема заработка на сите времиња, заработи неверојатни 1,2 милијарди долари во првиот викенд.
Се очекува DC да објави уште два филма за суперхерои до крајот на годината. Blue Beetle излегува во август, Aquaman и The Lost Kingdom во декември, а обожавателите на DC се надеваат дека овие филмови ќе го осветлат лицето на познатата компанија.
Извор: Index.hr