Тетоважи што исчезнуваат со светлина: Научниците развија необична технологија

Тетоважа што може да се појави или да исчезне под влијание на светлина звучи како идеја од научнофантастичен филм. Но ново истражување покажува дека ваквата технологија може да стане реалност.

Научниците развиле посебни мастила што реагираат на различни бранови должини на светлината, овозможувајќи промена на видливоста и бојата на тетоважите.

Технологијата, позната под името PhotoTat, отвора можност за создавање тетоважи што не мора постојано да изгледаат исто.

За разлика од класичните тетоважи, кои трајно остануваат видливи освен ако не се отстранат со специјални третмани, новиот пристап користи фоточувствителни материјали.

Според „Лајв сајанс“, истражувачите создале повеќебојни мастила кои можат да се активираат или деактивираат со светлина.

Тоа би можело да овозможи луѓето да ја менуваат видливоста на своите тетоважи во различни ситуации, без класична постапка за нивно отстранување.

Сепак, технологијата сè уште е во развој. Пред поширока употреба ќе бидат потребни дополнителни проверки на безбедноста, трајноста на материјалите и нивното однесување во човечката кожа.


Иако засега станува збор за технолошка иновација, потенцијалот е голем – од козметички апликации до сосема нови форми на визуелен израз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс