Тешка сообраќајка во Србија, загинаа четири лица

Според првичните информации, несреќата се случила поради судир помеѓу две патнички возила – „Опел Астра“ и „Голф 7“

Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа на главниот пат Нови Пазар-Рашка, во западна Србија.

Според првичните информации, несреќата се случила поради судир помеѓу две патнички возила – „Опел Астра“ и „Голф 7“.

Полицијата потврди дека три лица загинале на местото на настанот, додека едно лице починало при приемот во болница. Уште две лица се примени во Општата болница во Нови Пазар со тешки повреди, објави РТС.

Полицијата спровела истрага, а сообраќајот на овој дел од патот бил во прекин неколку часа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни