Првиот танкер со руски дизел по четири години плови кон Њујорк

Пратката од 40 илјади тони гориво отвора директна рута по четиригодишната блокада и ја менува енергетската слика пред конгресните избори.

Танкерот „Агиои Фанендес“, натоварен со 40.000 тони руски дизел со ултра-ниско ниво на сулфур, плови кон Њујорк по договорот меѓу Доналд Трамп и Москва. Бродот под знаме на Малта исплови од балтичкото пристаниште Приморск, означувајќи го првиот директен увоз на вакви деривати во САД од воведувањето на строгите санкции во 2022 година. Пристигнувањето на горивото на американскиот брег се очекува на 7 ноември.

Претседателот Доналд Трамп преку изненаден договор со руските власти обезбеди итна испорака на гориво со цел да ги намали цените на бензинските пумпи пред гласањето за Конгресот на 3 ноември. Според објавените параметри, Русија првично ќе испрати 300.000 тони дизел, односно приближно 2,25 милиони барели, а планот предвидува уште 500.000 тони во текот на ноември и дополнителен милион тони подоцна.

За да профункционира договорот, Москва ја укина сопствената забрана за извоз на дизел, додека Вашингтон привремено суспендираше дел од казнените мерки насочени кон рускиот енергетски сектор. Истовремено, американската администрација испрати предупредување до европските сојузници дека ќе го сопре извозот на американски дизел доколку тие не ги отворат сопствените резерви за итни случаи.

Пратката што ја регистрираше берзанската платформа ЛСЕГ содржи дизел гориво со исклучително низок процент на сулфур, клучно за современите патнички возила, транспортната индустрија и земјоделската механизација.

Идентитетот на крајниот купувач во Соединетите Држави и трговската компанија што посредувала во продажбата засега не се јавно објавени.


Ваквото селективно суспендирање на санкциите од страна на Белата куќа директно го менува геополитичкиот баланс на енергетските пазари и создава преседан што ги доведува европските земји во нерамноправна позиција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс