Search
Александра Мијалковска, Националната опера и балет

Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух, потврда за креативноста, издржливоста и силата

Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ Центар ja избра прима балерината Александра Мијалковска за автор на македонската порака по повод Меѓународниот ден на танцот, кој се одбележува на 29 април.

Во пораката, Мијалкова, балетски уметник при Националната опера и балет во Скопје нагласува дека „Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух, потврда за креативноста, издржливоста и силата“. 

„Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност на движење на телото како длабок израз на човечката креативност, различност и единство. Во танцот, наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите. “, вели во пораката Мијалкова.

Меѓународниот одбор на мрежата на ИТИ УНЕСКО ја избра аргентинската прима балерина Маријанела Њуноз, балетски уметник при Кралски балет во Буенос Аирес, за автор на светската порака.

„Споменот не е доволен за да се создаде историја. И историјата на еден театар, е историја на на едните и на другите, и зборува за тоа како уметноста како и танцот мигрирала и растела во различни географски широчини“, наведува Њуноз во пораката по повод Светскиот ден на танцот.

Најново

Последни колумни