Тајсон не се предава: Ова не беше мојата последна борба

Легендарниот боксер Мајк Тајсон, синоќа по 20 години пауза се врати во рингот за да се бори со Џејк Пол, натпревар кој го загуби на поени, но најави дека се уште не завршил со боксот.
Фото: X/@netflix

Тој го претрпе само седмиот пораз во 57 меча, но во интервјуто по натпреварот најави дека се уште не сме го виделе последното од него во рингот.

„Не сум изненаден што се случи ова. Не се обидував никому ништо да докажам, само мило ми е што успеав да се борам. Пол е добар борец. Дали е ова крај на кариерата? Зависи од ситуацијата. Мислам дека ова не е мојата последна борба“, изјави Тајсон по мечот.

Борбата против 30 години помладиот противник имаше официјален статус и траеше осум рунди, а Пол победи со едногласна одлука на судиите.

Нивниот дуел беше гледан од над 120 милиони луѓе во живо на Нетфликс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни