На 20 април 2026 година, Светската здравствена организација го објави првиот сеопфатен извештај за состојбата на вештачката интелигенција во здравствените системи на сите 27 земји-членки на Европската унија. Наодите се јасни: ВИ веќе не е иднина на медицината и за поголемиот дел од ЕУ, таа е сегашност. Македонија стои на прагот на тој тренд.
Извештајот: 27 земји, еден заеднички правец
СЗО/Европа го изработила извештајот врз основа на податоци собрани помеѓу јуни 2024 и март 2025 година, во рамки на повеќегодишен договор за финансирање со Европската комисија.
Резултатите покажуваат дека речиси три четвртини од земјите-членки на ЕУ веќе користат ВИ-поддржана дијагностика, вклучувајќи алатки кои поддржуваат медицинско снимање, откривање болести и клиничко одлучување. Скоро половина од земјите-членки на ЕУ веќе создале посветени професионални улоги за ВИ и наука за податоци во здравството, а неколку земји имаат планови за воведување или проширување на програмите за обука за ВИ во блиска иднина.
Додека 74 отсто од земјите-членки на ЕУ известуваат за употреба на ВИ во дијагностиката и 63 отсто користат чет-ботови за поддршка на ангажирањето на пациентите, регионот сега е фокусиран на обезбедување дека обуката на работната сила го следи темпото, со земји кои сè повеќе ја интегрираат ВИ писменоста во образованието пред и за време на работа.
Четири од пет, односно 81 отсто, земји-членки на ЕУ веќе активно вклучуваат засегнати страни во обликувањето на управувањето со ВИ во здравството, надминувајќи го просекот низ поширокиот регион на СЗО за Европа.
Три приоритети: обука, транспарентност, центри на извонредност
Извештајот не е само опис на состојбата. Тој е и план за следните чекори. СЗО/Европа идентификува три клучни области за приоритетно инвестирање. Прво, зајакнување на подготвеноста на работната сила преку образование и обука за основите на ВИ, етиката и управувањето со податоци. Второ, обезбедување инклузивен и транспарентен ангажман преку вклучување на здравствените работници, пациентите и јавноста во развојот на ВИ политиките. Системите развиени со значаен придонес на јавноста се подобро позиционирани да стекнат трајна доверба, да поддржат правични исходи и да ги исполнат ветувањата на ВИ за сите пациенти низ ЕУ. Системите развиени без значаен придонес на јавноста, предупредува извештајот, може да наидат на отпор или отфрлање, без оглед на нивната техничка софистицираност. Трето, воспоставување центри на извонредност за тестирање технологии, споделување на добри практики и развој на заеднички стандарди за безбедна и правична имплементација.
Разликата која може да ја направи ВИ: дијагностика, предвидување, одлучување
Разликата помеѓу дигитализацијата и вештачката интелигенција е суштинска. Дигитализацијата организира, додека вештачката интелигенција анализира и предвидува. Тоа значи дека здравството влегува во фаза каде технологијата може да има директно влијание врз дијагнозата и третманот.
Во практика, ова значи конкретни промени: систем за медицинско снимање кој детектира рак на белите дробови порано отколку радиолог кој гледа 200 снимки дневно, алгоритам кој ги идентификува пациентите со висок ризик за хоспитализација пред симптомите да станат видливи, чет-бот кој го поддржува пациентот помеѓу двата посети кај матичниот лекар.
Наодите доаѓаат во пресвртен момент, со ЕУ која е подготвена да ја имплементира prvата сеопфатна правна рамка во светот специфично наменета за регулирање на ВИ. AI Актот на ЕУ ги класифицира медицинските ВИ системи меѓу апликациите со висок ризик, со строги барања за транспарентност, ревизија и човечки надзор.
Македонија: основи поставени, стратегија во процес
Македонија веќе има поставено солидна дигитална основа за да го следи тој тренд. Системи како „Мoj Термин” и апликацијата „Мое здравje” веќе години наназад го поврзуваат здравствениот систем и им овозможуваат на граѓаните пристап до сопствените податоци.
Министерството за дигитална трансформација минатата година го претстави проектот „Везилка”, Национален центар за вештачка интелигенција, при што здравството изречно е наведено како една од приоритетните области, преку анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги.
Министерството за здравство исто така го вклучило во своите планови и платформа поддржана од вештачка интелигенција која ќе биде на располагање на граѓаните, со цел тие полесно да поставуваат прашања и добиваат одговори.
Во мај 2026 година, министерот за здравство Азир Алиу ја претстави иницијативата за воведување на телемедицина, поврзувајќи ги пациентите од Дебар и Делчево со специјалисти од Скопје и дијаспората. Посебен акцент е ставен на радиологијата, каде дигиталните снимки можат брзо да се споделуваат со експерти во Европа и светот за дополнително мислење.
Но основите не се стратегија. Во Македонија различни болници, лаборатории и приватни ординации користат различни дигитални платформи. Доколку тие системи не се усогласени и не можат да разменуваат податоци, создавањето на единствена национална база може да се соочи со сериозни технички пречки. Без целосна поврзаност на базите, електронското досие би можело да функционира само како дигитална архива, наместо како вистински инструмент за управување со здравствениот систем.
Правната неизвесност: наjголемиот ризик
СЗО во 2025 утврди дека само 8 отсто од земjите во Европа имаат посебна национална стратегија за вештачка интелигенциjа во здравството, додека 86 отсто jа посочуваат правната неизвесност како главна пречка, а само 8 отсто имаат поставено стандарди за одговорност ако системот предизвика штета.
Тоа е клучната реченица: само 8 отсто од земjите имаат одговор на прашањето „кој е одговорен ако ВИ алгоритмот погреши и пациентот пострада?” За Македониjа, коjа нема посебна правна рамка за ВИ во здравството, тоа прашање останува целосно без одговор.
Клиничарите остануваат правно и етички одговорни за одлуките поддржани со технологии коjа можеби не jа разбираат целосно. Тоа значи дека лекарот коj се потпрел на препорака на ВИ систем носи одговорност за грешката на алгоритмот. Тоа е правна и морална позиција коjа без jасна регулатива е крajно нефер кон здравствениот работник.
Прашањето коjе допрва доаѓа
Вистинското прашање е дали системот е подготвен за технологиjа коjа не само что обработува податоци, туку и носи препораки и влиjае врз одлуките.
Извештаjот на СЗО/Европа не е само снимка на моментот. Таj е предупредување: земjите коj брзо ги усвоjуваат ВИ алатките без да ги изградат правните и етичките темели, не само что не ja подобруваат здравствената заштита, туку ja изложуваат на нови, потешко контролирани ризици. Македониjа го прави првиот чекор. Следниот, посложениот, е уште пред неа.