Во предновогодишниот амбиент на Café Literatura во Diamond Mall, љубителите на џез музиката ќе имаат можност за незаборавно искуство на концертната вечер Swing and Sip. Настанот, организиран од „Литература.мк“ и „Џез ФМ“, ќе се одржи во петок, со почеток во 21:30 часот.
Настапот ќе го предводи „Јани Костурски квартет“, составен од искусни и истакнати музичари: Јани Костурски (гитара), Филип Димишковски (пијано), Павел Ренџов (тапани) и Зоран Павловски (бас). Репертоарот е внимателно подготвен за да го долови шармот, емоцијата и иновативноста на џезот, водејќи ја публиката на музичко патување низ различни епохи и стилови.
Покрај музичкото уживање, гостите ќе можат да вкусат и уникатни коктели специјално креирани за оваа вечер, како The Scat Spritz, Blue Note Martini, Bossa Breeze и Ella’s Delight.
Влезот е ограничен, па организаторите апелираат да ги резервирате своите места на време. Не пропуштајте ја оваа уникатна вечер која ги спојува музиката и коктелите за незаборавно предновогодишно искуство.