Националното здружение за мултипла склероза денеска ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза со настан во Europe House во Скопје, кој започнува во 11 часот. На настанот воведни обраќања ќе имаат претставници од здравствениот и институционалниот сектор. Меѓу говорниците се Ана Карајанова Димитрушева, Јован Божиновски, Сашо Клековски и Слободанка Бурнеска Саздова.
Целта на одбележувањето е подигнување на свеста за мултипла склероза, хронично невролошко заболување кое бара долгорочна медицинска грижа и поддршка за пациентите. Настанот вклучува стручни излагања и дискусии за предизвиците во дијагнозата, третманот и квалитетот на живот на лицата кои живеат со ова заболување.