Светот на раб на рецесија: цената на нафтата расте, конфликтите го туркаат глобалниот пазар во ризик

Аналитичари предупредуваат дека глобалната економија може да влезе во рецесија ако цената на нафтата остане над 125 долари, во услови на тензии на Блискиот Исток.


Глобалната економија се приближува до ризик од рецесија поради растот на цените на нафтата и ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, предупредуваат економските аналитичари. Според Гаурав Гангули од Мудис, доколку цената на нафтата Brent се задржи околу 125 долари по барел, светската економија би можела да влезе во блага рецесија.

Иако основното сценарио сè уште предвидува релативно брзо смирување на конфликтот, новите тензии во Персискиот Залив повторно ги подигнаа цените, кои надминаа 112 долари по барел. Американскиот претседател Доналд Трамп најави операција за извлекување на блокираните танкери по затворањето на Ормускиот Теснец, но неизвесноста останува. Дел од медиумите објавија и за можен напад врз американски воен брод, што дополнително ги зголеми стравувањата, иако информацијата подоцна беше демантирана.

Аналитичарите предупредуваат дека дури и ако се деблокира поморскиот сообраќај, нарушувањата во снабдувањето со енергенси може да продолжат. Во меѓувреме, ОПЕК+ најави зголемување на производството за 188.000 барели дневно, но тоа се смета за недоволно за да ги надомести загубите предизвикани од кризата.

Комбинацијата од геополитички ризици и енергетска неизвесност останува клучен фактор што може да ја оттурне глобалната економија кон нова криза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни