Англиската Агенција за животна средина прогласи официјална состојба на суша во поголемиот дел од земјата, по најсушниот период во последните 50 години. Одлуката опфаќа осум од вкупно 14 региони, вклучувајќи ги Лондон, јужниот, централниот и источниот дел на Англија. Сушата ги погоди земјоделството, речните екосистеми и водоснабдувањето, поради што надлежните власти најавија дополнителни рестрикции за користење на водата за домаќинствата и индустријата.
Состојбата на суша ѝ овозможува на Агенцијата за животна средина и на водоснабдителните компании да активираат вонредни планови за управување со водените ресурси. Овие протоколи вклучуваат ограничувања за земање вода од реките за потребите на земјоделството, со цел да се заштитат преостанатите водени текови.
Поголемиот дел од водоснабдителните компании веќе најавија или започнаа со примена на забрани за користење градинарски црева за полевање и миење автомобили. Овие рестрикции опфаќаат милиони домаќинства со цел да се намали дневната потрошувачка на питка вода. Властите предупредуваат дека доколку сушното време продолжи и во текот на есента, можно е воведување дополнителни и порестриктивни мерки.
The environment agency have officially declared a drought in these areas;
— Met4Cast – UK Weather (@Met4CastUK) July 29, 2026
East Anglia⁰Hertfordshire and the whole of London⁰Thames Valley⁰Hampshire and the Isle of Wight⁰Devon and Cornwall
The West Midlands ⁰Wessex, covering Dorset, Somerset, Wiltshire, and South… pic.twitter.com/XyTNFxNoog
Речите водостои низ земјата паднаа на критично ниво, а одделни помали реки во јужниот дел од Англија се речиси целосно пресушени. Еколошките организации алармираат за сериозни последици врз рибниот фонд и дивата флора и фауна покрај речните корита.
Земјоделскиот сектор се соочува со големи загуби поради намалениот принос на житни култури, зеленчук и сточна храна. Земјоделците се соочуваат со строго ограничени квоти за наводнување, што директно влијае врз финалната цена и достапноста на домашните прехранбени производи.
Оваа климатска криза во Велика Британија покажува колку се ранливи дури и земјите со умерена клима пред сериозните глобални температурни осцилации. За разлика од Британија, каде што инфраструктурата се соочува со брз притисок, ваквите сушни бранови во Јужна и Југоисточна Европа, вклучително и на Балканот, веќе стануваат постојана закана за земјоделските приноси и нивото на вештачките акумулации.