На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од натпреварот помеѓу Шпанија и Египет во одбојка на плажа во женска конкуренција и се коментира разликата во нивните униформи.
Додека Шпанките се облечени во класични црвени бикини, натпреварувачките од Египет се облечени во долги црни униформи, со покриени глави, согласно нивната традиција.
Интересно е што на социјалните мрежи може да се забележат позитивни и негативни коментари и за двете репрезентации, во зависност од која позиција се гледа фотографијата.