Најмалку 46 лица се повредени во судир на два патнички воза во близина на главната железничка станица во Прага, соопштија чешките медиуми. Четворица од повредените се хоспитализирани во тешка состојба. Како што пренесува Радио Прага, 12 лица се здобиле со потешки повреди, додека околу 30 поминале со полесни повреди.
Сите патници од двата воза во меѓувреме се евакуирани. Засега не се објавени дополнителни информации за причините за судирот.
