Скопскиот клуб „Станица 26“, кој беше затворен на 31 декември 2025 година, најави официјално враќање на скопскиот подум. Вратите се отвораат на 16 септември, со најава на истакнати домашни музички имиња и групации.
По паузата што започна на крајот на минатата година, „Станица 26“ им се враќа на посетителите со најава дека звукот повторно ја презема контролата. Клубот преку социјалните мрежи порача дека сите кои ја сонуваат оваа фреквенција наскоро ќе можат да се соберат на добро познатата локација.
Во објавата и придружните материјали се означени неколку познати музички проекта и артисти од македонската сцена, меѓу кои се Galoski, Ampov, Dimchuga, Sure Shotz, Sempre и The Aft3r.
Нивното присуство најавува богата програма и енергично отворање кое ќе го одбележи враќањето на клубот во полн капацитет.