Search

Средношколци од Гостивар дел од хуманитарна изложба

Средношколци од Гостивар изложуваат свои дела на хуманитарната изложба „Цут арт“, поставена во Центарот за култура АСНОМ. Настанот е во организација на Црвениот Крст Гостивар во рамките на Програмата – Промоција на хумани вредности и во соработка со техничкото училиште.

– Средствата одат за подобрување на нашето општество или се доделуваат на социјално загрозени семејства. Дел од средствата од хуманитарните настани кои ги организираме, се наменети за реновирање на стадион каде младите ќе можат да го поминат своето слободно време, а дел одат за помош на социјално загрозени семејства – посочува Јована Дабеска од Црвениот крст.

Во рамките на изложбата со свои дела учествуваат: Светлана Петреска, Софија Јованоска, Мина Страшеска, Ајлин Џафери, Едила Равмани, Деспина Василеска, Николина Алексоска, Тамара Србиноска, Атије Пини, Елеонора Манасијеска и Матеа Трпеска, под менторство на професорката Христина Марковска.

Целта на оваа програма е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на заемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.

Најново

Последни колумни