Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно – „Видиковец“ е пронајден починат Б.П. (64) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од својот дом.
На местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција со цел утврдување на точните причини за смртта.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.