Лагард предупредува: Инфлацијата во Европа веројатно ќе остане висока и во наредните месеци

Европската централна банка во декември повторно ќе ги разгледува каматните стапки, но сè уште не е извесно дали ќе одлучи да ги зголеми

Инфлацијата во блиска иднина веројатно ќе остане висока, а Европската централна банка (ЕЦБ) детално ќе ја анализира структурата на основната инфлација пред да одлучи за следните чекори во врска со каматните стапки во декември. Ова го изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа посочи дека засега не може со сигурност да каже дали Централната банка ќе ги зголеми каматните стапки следниот месец, но нагласи дека би биле потребни значителни промени за ситуацијата да се развива поинаку од очекувањата.


„Знаеме дека стапките на инфлација ќе останат високи во наредните квартали“, изјави Лагард во интервју за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс