Еден од најпознатите малопродажни брендови во светот, SPAR, официјално влегува на македонскиот пазар со отворање на своите први маркети во Скопје.
Првиот SPAR маркет ќе биде отворен во Џевахир Мол, додека INTERSPAR ќе започне со работа во комплексот Retail Fresh Store. Со ова, компанијата го најавува почетокот на своето присуство во Македонија и нова фаза во развојот на домашната малопродажба.
Влезот на SPAR се претставува како долгорочна инвестиција насочена кон модернизација на пазарот, подобрување на понудата и отворање нови можности за вработување.
Брендот, кој е присутен во повеќе од 50 земји, е препознатлив по комбинацијата на меѓународни стандарди и прилагодување кон локалните потреби. Новите маркети во Скопје ќе понудат свежи производи, секојдневни намирници, интернационални брендови и сопствени SPAR производи, познати по конкурентна цена и квалитет.
Посебен акцент ќе биде ставен и на локалните производители, со цел поддршка на домашната економија и поголема застапеност на македонски производи на рафтовите.
Од компанијата најавуваат фокус на добар однос меѓу цена и квалитет, редовни промоции и понуди што треба да обезбедат дополнителна вредност за потрошувачите.
Покрај новото шопинг искуство, влезот на SPAR носи и нови работни места, како и инвестиции во обуки и развој на кадарот, со цел подигнување на професионалните стандарди во малопродажниот сектор.
Со постепено и одржливо ширење, SPAR планира да ја развива својата мрежа низ земјата и да гради долгорочна доверба кај потрошувачите.