Скопје ќе биде домаќин на едно од најгледаните и најбараните комични шоуа во светот. За
само три дена, австралискиот комедиски феномен SOOSHI MANGO пристигнува во македонската
престолнина со своето спектакуларно шоу кое веќе ги освои најголемите европски сцени.
По распродадени настапи и преполни сали низ Лондон, Манчестер, Даблин, Амстердам, Берлин, Виена, Цирих, Париз и десетици други европски градови, триото кое брои милиони следбеници на социјалните мрежи конечно доаѓа и пред скопската публика.
SOOSHI MANGO се познати по нивниот уникатен хумор инспириран од балканските и медитеранските семејства, генерациските разлики, родителите, тетките, чичковците и сите оние ликови кои секој од нас ги препознава во сопственото семејство. Токму затоа нивниот хумор е толку близок и разбирлив за публиката од овие простори.
За македонската публика, најлесната споредба би била дека SOOSHI MANGO се своевиден современ меѓународен пандан на легендарните “К-15” – хумор базиран на препознатливи карактери, секојдневни ситуации и генерациски судири кои предизвикуваат смеа кај сите возрасти.
Иако шоуто е на англиски јазик, неговата универзална комедија, гестикулации, карактери и теми го прават лесно разбирливо и за оние кои не го користат англискиот секојдневно. Публиката низ целиот Балкан веќе со години ги следи нивните видеа и скечеви, а сега конечно ќе има можност да ги види во живо.
Организаторите информираат дека остануваат уште ограничен број билети, кои можат да се набават преку платформата Drugastrana.mk.
Доколку сакате да бидете дел од вечер исполнета со непрекината смеа, препознатлив балкански менталитет и енергија која ги полни најголемите европски сали, ова е настан кој не треба да се пропушти.
Вакви светски комедиски ѕвезди ретко гостуваат во Скопје, а кога повторно ќе се укаже
ваква можност – никој не може да знае.