Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Според информациите од полицискиот билтен, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 10:30 часот.
Во судирот учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (39) од селото Шишево, Скопско, и патничко возило „цитроен“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А. (62) од Скопје.
Во несреќата, 62-годишниот возач на „цитроенот“ се здобил со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.