СОНК демантира учество во најавениот 1 Мај протест: „Немаме донесено одлука за поддршка“

СОНК информира дека не делува во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека нема донесено никаква одлука за учество или поддршка на најавениот протест на 1 Мај.

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи, во која СОНК се наведува како дел од организациите што го поддржуваат најавениот првомајски протест, Сојузот на синдикати на образованието, науката и културата на РМ (СОНК) испраќа демант.

СОНК информира дека не делува во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и дека нема донесено никаква одлука за учество или поддршка на најавениот протест на 1 Мај.

Поради тоа, ја демантираме објавената информација во делот во кој СОНК е наведен како учесник или поддржувач на настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни