Вештачката интелигенција може да има одговор за нашите проблеми во сообраќајот, според длабинската студија поддржана од Nvidia. Секое утро и повеќето вечери, голем број патници се заробени во сообраќајот. Причината? Се поголем број автомобили се на нашите патишта, а инфраструктурата не може да ги собере. Па што е решението?
Rogers Communications, канадска телекомуникациска компанија, веќе некое време се обидува да го реши метежот користејќи вештачка интелигенција. Компанијата неодамна распореди паметен сообраќаен систем поврзан со 5G, овозможен со вештачка интелигенција на Универзитетот во Британска Колумбија (UBC) и успеа да го намали сообраќајот и да донесе други подобрувања. NoTraffic соработуваше со Rogers Communications на проектот.
Компјутерскиот систем можеше да пресмета „десетици илјади можни сценарија за проток на сообраќај“ за секој корисник на патот и да го избере најдоброто можно во реално време. Ова истовремено го намалува сообраќајот и емисиите кои ги испуштаат возилата.
Но што е најважно, се подобрува и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Вештачката интелигенција би можела автоматски да им даде приоритет на итните служби, јавниот транспорт и ранливите учесници во сообраќајот, како што се велосипедистите. Вклучувањето и исклучувањето на семафорите исто така може да биде промеливо за да се намали иритацијата на возачите и да се одржува непречено одвивање на сообраќајот.
Дополнително, вештачката интелигенција може да собере корисни аналитички податоци за ефикасност на страничните улици, па дури и еднаквост во сообраќајот. Понатаму, системот може да обезбеди известување во реално време за опасното однесување, како што се брзо возење и поминување на црвено светло.
Сензорите напојувани со најсовремената технологија на Nvidia, можат да детектираат сообраќај и да ги разликуваат пешаците и велосипедистите од поголемите возила. Врз основа на податоците во живо, вештачката интелигенција може да го прилагоди тајмингот на семафорите во реално време, а со тоа да го подобри протокот на сообраќај и безбедноста.
Експериментот беше спроведен на пет раскрсници на кампусот UBC со густ сообраќај.
„Користејќи ја платформата Nvidia Jetson, можеме да обезбедиме високо прецизно и сигурно решение засновано на невронска мрежа што ги детектира учесниците во сообраќајот на суперчовечко ниво во сите временски услови“, рече главниот директор за технологија на NoTraffic, Уриел Кац.
Резултатите од експериментот не можат да се игнорираат. Во текот на една година, времето на чекање за пешаците беше намалено за 2.500 дена, додека времето на чекање на возачите се намали за неверојатни 4.700 дена. Придобивките за животната средина, исто така се значителни, бидејќи се проценува дека емисиите на јаглерод диоксид се намалени за 75 тони, со „проценета економска предност од 165.000 американски долари“.
Може да се замислат придобивките доколку ова се примени во пошироки размери. И ова може да се случи наскоро. Rogers и NoTraffic работат заедно за да ја направат оваа технологија за вештачка интелигенција достапна за засегнатите страни кои ќе имаат корист од неа.
Додека намаленото време на чекање и помалиот метеж во сообраќајот се прекрасни, подобрената безбедност на овој систем вреди злато. Бројките на смртни случаи на патиштата се сè уште високи, па систем како овој потенцијално може да ги намали судирите на возила и да спаси дополнителни животи – особено ранливите пешаци на раскрсниците.
Ова е добра идеја и се прашуваме како би функционирала со напредните системи на кои работат производителите на автомобили. General Motors, на пример, работи на систем Car-to-X кој би можел да комуницира со семафорите. Идејата би била дека вашиот Cadillac Lyriq или ултра луксузниот Celestiq никогаш повеќе нема да бидат заглавени на семафор.
Системот работи со софистицираниот Ultra Cruise систем на GM и може да го забави или забрза автомобилот во зависност од семафорите пред нас. Ова ќе ја намали потрошувачката на гориво, ќе заштеди време и ќе го опушти возачот.
Извор: CarBuzz