Со помош на Google Хрватска ќе ги предвидува поплавите

Делови до Хрватска минатата недела ја погодија катастрофални поплави, чии последици ќе се санираат долго време и во иднина би можеле да се случуваат се почесто, предупредуваат експертите. Сето тоа е резултат на климатските промени.

Според некои податоци, поплавите годишно влијаат на животите на над 250 милиони луѓе во светот, а еден од начините на коишто може да се ублажат е со подобра подготовка, односно предвидување на поплавите.

Со такви предвидувања почна Google уште пред пет години во Индија, а со тек на време ја прошири и на некои други подрачја. За предвидување на поплавите се користи вештачка интелигенција, која обработува различни податоци како временски прогнози и сателитски снимки и ги комбинира двата модели – хидролошкиот, кој ја предвидува количината вода која тече во реките и моделот на инундација, кој предвидува кои подрачја ќе бидат погодени и колку ќе биде длабока водата.

Од Google неделава најавија дека таа можност за предвидување на поплавите ча прошируваат на 80 земји, додавајќи 60 нови земји од различни подрачја, вклучувајќи ја и Хрватска.

Националните и локалните власти, хуманитарните организации и подеинци во овие региони сега можат да пристапат до клучни информации дури 7 дена однапред за да се подготват и да се прилагодат на поплави преку Flood Hub – платформата на Google. Оваа платформа ќе ги прикажува прогнозите за речните поплави, покажува каде и кога ќе се случат, во подрачја ширум светот со вкупна популација од 460 милиони луѓе.

Извор: zimo.dnevnik.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни