Трн.мк те носи на AI Tech Summit, водечкиот настан во областа на вештачката интелигенција на Балканот кој ќе се одржи на 3 и 4 октомври во Националната опера и балет во Скопје.
За своите читатели, Трн.мк обезбеди попуст од 15% за купена влезница до 6 септември 2024 година. Попустот може да го активирате при купување на влезницата со употреба на следниов код: trnmk@15
Линк за регистрација: https://tbmgroup.eu/etn/ai-tech-summit-skopje-2/
После првото издание во Скопје и второто во Малага, AI Tech Summit годинава ќе донесе повеќе од 20-тина говорници од странство, но и од регионот. Се очекува ова да биде најголем регионален технолошки самит.
„Oва е мулти- димензионален самит на вештачка интелигенција каде што луѓе од најразлични индустрии ќе зборуваат како апликативно ја применуваат вештачката интелигенција во нивните компании. Присутни ќе бидат говорници од „ Amazon “, „Google “, „Nvidia “, „Vodafone “, „Microsoft “, „Ubes“ од финансискиот центар, „JPMorgan Chase“ и уште многу други“ велат организаторите.