Слаб снег утрово паѓа во Загреб. Тревните површини во градските населби веќе се забелеани, а снегулки утрово се спуштаа и на главниот загрепски плоштад. Фотографиите од снежните врнежи во хрватската престолнина покажуваат дека зимските услови пристигнаа и во центарот на градот.
Снег наврна и на Сљеме. Според податоците на Хрватскиот метеоролошки и хидролошки завод (DHMZ), таму се измерени четири сантиметри нов снег.
