Снег на Стража и Деве Баир: Зимски услови на само еден ден пред Први мај

Неочекувани снежни врнежи на Стража и Деве Баир пред Први мај. УХМР најавува заладување, дожд и слаб снег на планините.

Неочекувани снежни врнежи денеска се забележани на планинскиот премин Стража, како и на граничниот премин Деве Баир, што изненади возачи и патници на само еден ден пред Први мај.

Од УХМР информираат дека времето во текот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на повисоките планини постои можност дождот да преминува во слаб снег.

До крајот на денот се очекува постепено намалување на врнежите и расчистување на облачноста, а во текот на ноќта поголемиот дел од земјата ќе има ведро време. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Властите апелираат на внимателно возење, особено во планинските региони, каде условите можат брзо да се менуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни