Search

„Слаткиот грев“ на секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има своја слабост на која не може да и одолее. Во продолжение дознајте кои се „слатките гревови“ на секој хороскопски знак.

Овен
Најголемата слабост на Овенот е спиењето. Додека другите бараат возбуда и адреналин, Овенот често ја избира удобноста на својот кревет и дополнителни неколку часа сон.

Бик
Биковите имаат страст за шопинг. Без разлика дали се работи за гардероба, технологија или книги, Бикот секогаш ќе најде причина за малку шопинг терапија.

Близнаци
Близнаците сакаат нови работи и секогаш се во тек со трендовите. Поради ова, тие не можат да одолеат на социјалните мрежи и често несвесно „скролуваат“ со часови.

Рак
Раковите се големи обожаватели на романтични комедии, иако тоа нема секогаш да го признаат. Без разлика дали се работи за класичен или најнов хит, Раковите секогаш ќе изберат филм кој ќе им го стопи срцето.

Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а еден од начините да го постигнат тоа е правењето селфи. Без разлика дали се во природа, на некој настан или дома, селфито е задолжително.

Вага
Вагите често размислуваат за минатото и минатите одлуки. Носталгијата лесно ги обзема, а спомените ги носат на емотивни патувања.

Девица
Девиците се љубопитни, па често знаат да ги „демнат“ профилите на луѓето што ги познаваат на социјалните мрежи. Желбата за информации и знаење често ги води во овие виртуелни лавиринти.

Стрелец
Стрелците се родени како авантуристи. Тие секогаш се во потрага по нова дестинација, нова култура и нови искуства. Патувањето е нивниот „сладок грев“.

Шкорпија
Шкорпиите сакаат добри приказни, особено оние кои потекнуваат од озборувања. Тие не можат да одолеат на најновите гласини на работното место или во животот на нивните пријатели и познаници.

Јарец
Јарците имаат око за квалитет и луксуз. Тие уживаат во пофините работи во животот, без разлика дали се работи за дизајнерска облека, луксузни патувања или скапи предмети.

Водолија
Водолиите се големи љубители на научната фантастика. Без разлика дали се работи за книги, филмови или серии, овој жанр секогаш ги привлекува и воодушевува.

Риби
Рибите се сонувачи, а нивниот „сладок грев“ е долгите бањи каде што можат да се опуштат и да фантазираат. Уживаат во арома терапија и топла када, но и свеќи кои често се нивни сојузници во тие моменти.

Извор: prva.rs

Најново

Последни колумни