Соработката помеѓу Слаткаристика и Дупер е песната „Ок“, која има има заразлив ритам и ќе стане вистински хит, но тоа што најмногу привлече внимание е видео записот, но и неговото снимање.
При снимањето на видео спотот, Слаткаристика и Илчо од Дупер договорија кладба, при што раперот тврдеше дека може да завршат со снимање во три часа, а како влог и двајцата артисти ги „вложија“ нивните коси, односно тој што ќе ја изгуби кладбата требаше да се шиша „ќелав“.
Исходот од кладбата беше централна точка на прес-конференцијата на Слаткаристика и Дупер заедно со НЛБ и Прагма продукција, кога што Илчо пред сите присутни стана „ќелав“, признавајќи дека спотот бил снимен за три часа.