Шкотската Татран армија го „окупираше“ Скопје

Шкотските навивачи пристигнаа во главниот град и го искористија сончевото и топло време за прошетки и пиво пред вечерашниот фудбалски натпревар.
Фото: Нано Бар

Репрезентацијата на Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во рамките на Лигата на Нации, а шткотските навивачи во голем број пристигнаа во Скопје и со препознатливите килтови го користат топлото време.

Баровите низ градот се преполни и со позитивна атмосфера, а шкотските навивачи навалија на, како што велат, квалитетно, а евтино пиво.

Шкотските навивачи имаа само пофални зборови за Скопје и домаќинството кое што го доживуваат во земајва, сега, но и за некои од претходните гостувања на кои биле. Особено позитивни зборови имаа за пивото, цените, но и за сонцето, кое не е толку често во Шкотска.

Македонија и Шкотска вечерва од 20:45 часот играат во рамките на Лигата Б на Лигата на Нации. Ова е трето коло, а македонската репрезнтација во првите две кола загуби од дома од Швајцарија и на гости кај Словенија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс