Скопскиот хеви-метал бенд „Конспираси“ победник на „Гитаријадата“ во Заечер

Бендот е прогласен за најдобар на „Гитаријада“ од стручното жири во силна конкуренција на балкански рок состави.

Хеви-метал бендот „Конспираси“ од Скопје е победник на 59. издание на „Гитаријада“, која се одржа во Заечар, Србија.

Бендот е прогласен за најдобар од стручното жири во силна конкуренција на балкански рок состави.

„Голема благодарност до сите за огромната поддршка што нè доведе до победа на 59. Гитаријада во Зајечар! Благодарност до целиот тим и сите кои беа дел од реализацијата на овој легендарен настан“, велат од бендот.

Откако минатата година го издадоа албумот „Заговор“, бендот активно настапува низ Балканот.

По турнејата, на 31 октомври 2025 година го одржаа и нивниот самостоен концерт во МКЦ, со гости од Sanatorium и со поддршка од Последен Удар и Стефан Петановски.

Оваа година, по гласовите од публиката, добија можност да настапат на Wacken Metal Battle во Загреб, каде што освоија 2. место.

е-Трн да боцка во твојот инбокс