Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Skopje Pride 2026

Во Скопје денеска ќе се одржи Skopje Pride 2026, поради што МВР најави посебен сообраќаен режим по трасата на парадата.

Парадата ќе почне во 18 часот од пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а МВР апелира граѓаните да ги почитуваат насоките на полицијата.

Во Скопје денеска ќе се одржи Skopje Pride 2026 под мотото „Сите нека знаат“, поради што ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од градските улици.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајниот режим ќе важи за време на одржувањето на парадата, која ќе започне во 18 часот од пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк.

Според најавената траса, учесниците ќе се движат по булеварот „Илинден“, потоа лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, а потоа ќе продолжат лево по улицата „Димитрие Чуповски“. Парадата ќе заврши во паркот „Жена борец“, на улицата „11 Октомври“.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на улиците опфатени со посебниот режим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс