Дванаесеттото издание на фестивалот ќе се одржи на 26 и 27 јуни во МКЦ, со филмски приказни за уметници кои ја менувале музичката историја.
„Скопје синема сити“ ќе се одржи на 26 и 27 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, пишува во објавата на „Скопје синема сити – Меѓународен фестивал на музички документарен филм“.
Годинешното, дванаесетто издание на фестивалот ќе донесе две вечери исполнети со музичка историја, емоција и документарни филмови посветени на уметници кои не само што создавале хитови, туку и ги менувале правилата на игра.
Од фестивалот најавуваат програма што се движи од џез-револуцијата на Мајлс до електро-визионерството на „Крафтверк“. Публиката ќе има можност да погледне филмови што ја истражуваат музиката како културен, уметнички и општествен феномен.
„Подгответе се за две вечери исполнети со чиста емоција и музичка историја“, стои во објавата.
Билетите за фестивалот веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МК тикет.