Делови од Општина Центар денеска се со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода. Струја нема на улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, додека дел од корисниците на булеварот „Кирил и Методиј“ и улицата „Димитрие Чуповски“ се без вода.
Без електрична енергија од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат жителите на улицата „Ѓорѓи Скрижевски“ во Општина Центар. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е најавен поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.
Дел од Центар денеска е и без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради интервенција на водоводната мрежа, по барање на корисник за внатрешен дефект на адреса улица „Даме Груев“ 7/8.
Прекинот во водоснабдувањето започна во 9 часот и ќе трае до завршување на работите. Без вода се дел од корисниците на булеварот „Кирил и Методиј“ и на улицата „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар.
Надлежните најавуваат дека снабдувањето со вода ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата, додека прекинот на струја е најавен до 15:30 часот.