Делови од Скопје и околината утре, 25 април 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Морани и викенд-населбата Морани, во општина Студеничани.
Прекин во снабдувањето ќе има и во општина Карпош. Од 08:30 до 17:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите во кругот на фабриката „Карпош“ во населбата Александрија, како и објектот на „Центроунион“.
Во општина Центар, од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Никола Кљусев“, „Максим Горки“, дел од „Даме Груев“, „Орце Николов“ и „Васил Главинов“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје апелираат граѓаните навреме да ги приспособат своите обврски според најавените прекини.