Бранејќи ја мајката, син убил пијан татко во Скопје

31-годишен скопјанец беше приведен синоќа откако смртно го прободе својот татко за време на семеен инцидент, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата го приведе Б.Џ. околу 23 часот во семејниот дом на подрачјето на ПС Бит Пазар, откако му нанел убодни рани на својот 52-годишен татко, Е.Л., според извештајот на министерството.

Инцидентот започнал околу 22:35 часот, кога Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, мајката на Б.Џ., во семејниот дом. После тој инцидент Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко.

„По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата ‘Свети Наум Охридски’ за укажување на помош”, информираа од МВР.

Телото на Е.Л. е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител.

„По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава”, додадоа од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс