Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23:15 часот на подрачјето на Јапонија, објави српскиот портал „Блиц“. Според достапните податоци, епицентарот бил лоциран во близина на островот Хоншу, на географските координати 33,765 степени северна географска ширина и 137,117 степени источна географска должина.
Хипоцентарот, односно точката во внатрешноста на Земјата од која започнал земјотресот, се наоѓал на длабочина од околу 350,9 километри, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата.
