Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточната јапонска префектура Чиба, во близина на Токио. Нема издадена закана од цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.Потресот на земјата се почувствувал и во главниот град Токио, предизвикувајќи вознемиреност кај населението.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри, според податоците на метеоролошката служба, пренесува Japan Today. Во овој момент нема информации за жртви или материјална штета.