Силен ветер, паднати дрвја и сообраќаен метеж, невремето направи хаос низ Скопје

Граѓани на социјалните мрежи пријавуваат паднати дрвја на неколку локации, поради што има застој на фреквентни сообраќајници

Скопје попладнево е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер и обилни врнежи од дожд.

Граѓани на социјалните мрежи пријавуваат паднати дрвја на неколку локации, поради што има застој на фреквентни сообраќајници.

Паднати дрвја има на улицата Рузвелтова со крстосницата со Бул. Митрополит Теодисиј Гологанов, како и на улицата пред Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Граѓани јавуваат дека е блокиран и патот од Долно Лисиче кон Драчево исто така поради паднато дрво.

Паднати дрвја има и во Карпош и во Ѓорче Петров, каде пак има и најмалку едно оштетено возило.

Инаку претходно УХРМ излезе со предупредување за силно невреме кое ќе го зафати Скопскиот регион, додека вчера невреме во зафати јужниот и југоисточниот дел од државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс