Монументалното наследство на Клеопатра, кралицата на Египет од Птоломејско потекло, често е засенето од редуктивни современи дискусии за нејзиниот идентитет. Чести се дискусиите дали таа била Македонка, Гркинка, Еѓипќанка или Африканка
Дебатите за „расата“ на Клеопатра беа повторно активирани откако Нетфликс минатата недела објави трејлер за својата документарна драма од четири дела „Кралицата Клеопатра“, во која глуми Адел Џејмс, црномуреста актерка. Серијата ја раскажува и Џејда Пинкет Смит, која рече дека сака шоуто „да ги претставува црните жени“.
Ова ги натера некои, вклучувајќи го и најистакнатиот египетски археолог Захи Хавас, да повторат дека Клеопатра, која е родена во Александрија, Египет во 69 п.н.е. во династијата Птоломеј, имала македонско-грчко потекло.
Еден египетски адвокат, Махмуд ал Семари, испровоциран од серијата на Нетфликс реши да преземе и правни мерки. Некои Египќани изразија загриженост за расизмот и колоризмот во денешен Египет, арапска земја со свое црно население.
Но, во реалноста, дебатите околу расниот идентитет на Клеопатра се неисториски затоа што ги одразуваат современите погледи за расата, а не како луѓето се разбирале во античко време. Некои експерти велат дека ја истакнуваат модерната концептуализација на расата која станала распространета во текот на 17 и 18 век.
„Да се праша дали некој бил „црнец“ или „белeц“ е анахронично и кажува повеќе за модерните политички дискусии, отколку обидот да се разбере антиката“, вели за TIME Ребека Футо Кенеди, вонреден професор по класици на Универзитетот Денисон.

„Ако сакаме да бидеме историски попрецизни, треба да разбереме како античките народи ги сметале своите етникуми наместо да ги универзираме и деисторизираме со нашите сопствени ставови“, додава таа.
Која беше Клеопатра?
Клеопатра VII беше седмиот, но најпознат египетски владетел што го носеше ова име. Таа беше последниот член на династијата Птоломеј што владееше со Египет по 5.000 години фараонско владеење; нејзиното владеење траело 21 година, пред да се самоубие во август во 30 година п.н.е.
Клеопатра била второто од петте деца родени на кралот Птоломеј XII и неговата сопруга Клеопатра V Трифанија. Таа учела медицински студии, како и филозофија, реторика и ораторство. Се верува дека зборувала многу јазици, покрај нејзиниот мајчин грчки јазик. Клеопатра била првиот птолемејски владетел кој научил египетски јазик, сега веќе исчезнат јазик од кој потекнува говорниот коптски јазик.
По смртта на нејзиниот татко, Клеопатра се искачи на тронот во 51 п.н.е., споделувајќи го со еден од нејзините помлади браќа Птоломеј XIII. Но, таа на крајот ја презеде таканаречената двојна круна, заменувајќи го нејзиниот брат како единствен владетел.
Хаосната дебата за „расата“ на Клеопатра
Расните класификации како што ги препознаваме денес се главно производ на западната антрополошка мисла од 17 и 18 век, особено за време на европското просветителство.
Со објавувањето на книгата Systema Naturæ во 1735 година, шведскиот натуралист Карл Линеус го класифицира човештвото во четири различни „сорти“. Расата започна како стенографија измислена од човекот за да се категоризираат групите врз основа на континентот и бојата на кожата.
Како такви, овие класификации беа создадени многу доцна за прецизно да се применат на античките цивилизации. „Постои тенденција во современиот свет да се фиксира на познати личности од минатото кои ги претставуваат цивилизациите“, вели Кенеди. Таа додава дека секогаш ќе има групи кои сакаат да ја бранат и присвојат Клеопатра, на еден или на друг начин, кој одговара на нивниот наратив.
Но, вели Кенеди, прашањето дали Клеопатра била црна, бела или друга раса е погрешно прашање бидејќи „тоа сугерира дека тоа се универзални, а не историски контингентни категории“.
Таа додава: „Тоа значи дека продолжуваме да ги водиме истите разговори деценија по деценија наместо всушност да учиме повеќе за тоа како античкиот свет ги сметал своите идентитети“.
Извор: TIME