Сепак е тркалезна – експедицијата на „рамноземјаши“ на Антарктикот потврди дека Земајта е топка

Тим теоретичари на заговор кои веруваат дека Земјата е рамна, отишле на Јужниот пол со надеж дека еднаш засекогаш ќе докажат дека нашата планета всушност воопшто не е тркалезна. За нивна несреќа, експедицијата само го потврди она што науката и фотографиите долго време го докажуваат.

Експедицијата ја предводеше Вил Дафи, свештеник на црква во близина на Денвер, Колорадо. На веб-страницата посветена на експедицијата, Дафи објасни дека патувањето вклучувало 24 „рамноземјаши“ и 24 „округлоземјаши“, кои биле избрани да ги претставуваат двете страни.

Целта на патувањето наречено „Ултимативен експеримент“ беше да се испита дали на Антарктикот има „24-часовно сонце“, односно денови кога сонцето не заоѓа под хоризонтот.

„Крајниот експеримент е како може да се реши дебатата за обликот на Земјата. Застапниците на двете гледишта се согласуваат дека присуството или отсуството на поларни денови на Јужниот пол ќе потврди дали живееме на рамна плоча или на сфера“, се наведува на веб-страницата.

Кога членовите на експедицијата пристигнаа на Јужниот Пол, открија, дека навистина постојат денови во кои сонцето таму грее 24 часа.

„Понекогаш во животот грешите. Бев сигурен дека не постои такво нешто како поларен ден“, рече еден од „рамноземјашите“ Џеран Кампанела во видеото што Дафи го објави на YouTube откако тимот стигна до својата дестинација.

Теориите за рамна земја беа присутни во многу древни култури и религии, но концептот доби нова енергија во последните две децении.

Во последниве години, на крилата на експлозијата на популарноста на бројните теории на заговор, се зголемува бројот на луѓе кои веруваат во овој псевдонаучен концепт, и покрај огромниот број научни и фотографски докази. Особено затоа што бројни влијателни десничари, како што е Такер Карлсон, им даваат простор на ваквите теории на нивните платформи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни