Студенти од Семос Едукација со креативни постери испратија пораки за поддршка на лицата со мултипла склероза

Студенти од Академијата за графички дизајн при Семос Едукација изработија постери со пораки за емпатија, солидарност и поддршка за лицата со мултипла склероза. Проектот е реализиран по повод Светскиот ден на мултипла склероза во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со оваа состојба.

Студенти од Академијата за графички дизајн при Семос Едукација изработија постери со пораки за емпатија, солидарност и поддршка за лицата со мултипла склероза. Проектот е реализиран по повод Светскиот ден на мултипла склероза во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со оваа состојба.

По повод Светскиот ден на мултипла склероза, студентите од генерацијата 2024/25 на Академијата за графички дизајн при Семос Едукација реализираа проект посветен на подигнување на јавната свест за лицата кои живеат со мултипла склероза. Во рамки на иницијативата, тие изработија креативни постери и визуелни решенија со пораки за разбирање, поддршка и намалување на стигмата.

Проектот е реализиран во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, а студентите работеа под менторство на професорката Даниела Спасева, во рамки на предмет посветен на општествено одговорни практики.

Преку истражување и визуелна интерпретација на темата, студентите создадоа дизајни кои имаат цел да поттикнат поголема емпатија и видливост на лицата со мултипла склероза во јавноста.

„Особено сме горди кога студентската креативност добива вистинска општествена вредност. Овој проект покажа дека дизајнот не е само визуелна комуникација, туку и моќна алатка за отворање важни теми, рушење предрасуди и поттикнување емпатија“, изјави Ангелина Канчевска, раководител на Академијата за графички и веб дизајн.

Постерите беа претставени на настан организиран во Europe House во Скопје, каде што беше прикажано и видео со студентските решенија и авторството на секој дизајн.

Светскиот ден на мултипла склероза секоја година се одбележува со цел подигнување на свеста за болеста, подобрување на пристапот до терапија и поддршка за пациентите, како и намалување на стигмата со која се соочуваат лицата што живеат со оваа состојба.

По повод одбележувањето, Семос Едукација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза му го додели признанието „SEMOS ACADEMY AWARDS“ за најдобар партнер на студентски проект од областа на општествено одговорни практики.

е-Трн да боцка во твојот инбокс