Елиминацијата на Јужна Кореја од Светското првенство по групната фаза му го направи животот на селекторот Хонг Мјунг-бо пекол.
Хонг Мјунг-бо поднесе оставка еден ден по елиминацијата на Јужна Кореја од Светското првенство, сакајќи да ја преземе целосната одговорност за неуспехот.
Претседателот на земјата рече дека неуспехот е „директна последица на некомпетентно и неодговорно раководство, како и длабоко вкоренет систем на фаворизирање“.
Ли Џе-мјунг истакна дека селекторот донел лични одлуки, дека еснафот ги плаќа спортистите и дека нешто вакво не смее да се повтори.
Државната телевизија го „замагли“ ликот на поранешниот тренер во своето емитување.
Разочарувањето се претвори во гнев, а Хонг Мјунг-бо доби неколку закани со смрт.
Затоа јужнокорејската полиција презема многу обемни безбедносни мерки на аеродромот каде што ќе слетаат играчите и сега веќе поранешниот тренер.
Полицијата испраќа 160 припадници на антидемонстрациската единица на аеродромот, заедно со аеродромската полиција. Исто така, на аеродромот ќе има 25 специјално обучени телохранители.