Податоците на Евростат покажуваат дека интересот за електричните возила значително пораснал во споредба со пред една деценија. Во 2015 година, целосно електричните автомобили сочинувале само 0,4 отсто од новите регистрации во ЕУ.
Иако електричните автомобили бележат силен раст, хибридните возила и понатаму имаат најголем удел меѓу алтернативните погони. Во 2025 година тие сочинувале 42,4 отсто од новите регистрации, додека бензинските автомобили имале удел од 27,3 отсто, а дизелите 9,8 отсто.
Разликите меѓу земјите членки се значителни.
Данска е убедливо на врвот, каде што дури 67,8 отсто од новорегистрираните автомобили во 2025 година биле целосно електрични. Следуваат Холандија со 40,2 отсто и Малта со 37,6 отсто.
На спротивниот крај се Хрватска со само 1,9 отсто електрични автомобили меѓу новите регистрации, Словачка со 4,7 отсто и Бугарија со 4,9 отсто.
Трендот продолжи и во 2026 година. Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), уделот на целосно електричните автомобили во новите регистрации во првата половина од годинава достигнал 20,7 отсто, во споредба со 15,6 отсто во истиот период во 2025 година.
Порастот на продажбата на електрични автомобили се поврзува со проширувањето на мрежата на полначи, поголемиот избор на модели и постепеното намалување на цените, но и со високите цени на конвенционалните горива.
Европскиот автомобилски пазар, според тоа, постепено ја менува структурата – од доминација на бензинските и дизел возилата кон комбинација од хибридни и целосно електрични автомобили.