Се воведуваат ригорозни мерки за туристите! Ако го земе ова од плажа, следи казна и од 3.500 евра

Прекумерната толпа на италијанскиот остров Сардинија доведе до нови мерки за ограничување на бројот на туристи, овој пат – дигитални.

Вториот по големина остров во Средоземното Море, Сардинија, е позната по своите магични песочни плажи и недопрена природа. Сепак, приливот на туристи и нивното несоодветно однесување ја загрозија убавината на овој остров, принудувајќи ги властите да ги земат работите во свои раце. Уште во 2020 година беа воведени некои мерки за заштита од инвазија на туристи, а оваа година, во 2025 година, овие мерки ќе бидат дополнително заострени.

Посетите на плажата Туереда мора да се резервираат однапред

Плажата Туереда, која се наоѓа на јужниот брег на Сардинија, е една од најубавите на островот и е особено омилена кај туристите поради нејзината форма во облик на полумесечина и пенливо белиот песок. Сепак, ако имате намера да го посетите оваа година, ќе мора да ја најавите вашата посета преку посебна апликација, пренесува „Еуроњуз“.

Планот е апликацијата да почне да работи во текот на шпицот на сезоната, во јули, со цел да се ограничи бројот на туристи и да се ублажи нивното влијание врз природата.

Ако украдете песок од плажата Спијаџа Роса, може да добиете казна

Плажата Спијаџа Роса на сардинискиот остров Будели е една од најубавите плажи во светот, а нејзина најголема гордост е нејзиниот розов песок. Сепак, поради честите кражби на песок во последните 30 години, пристапот до плажата е забранет, а единствениот начин туристите да ѝ пристапат е со брод. Ако одлучите да ризикувате и да стапнете на него, ќе се соочите со казна од 500 евра, а ако, и покрај сите забрани и предупредувања, се осмелите да го понесете розовиот песок со вас – ќе платите казна од неверојатни 3.500 евра.

До Кала Котиќо и Кала Бригантина само со резервација и надомест од три евра по лице

Во сардинскиот архипелаг Ла Мадалена, ограничувањата за туристички посети стапија на сила уште минатата година, кога ограничувањето беше 60 посетители дневно, додека оваа сезона туристите можат да очекуваат и онлајн резервации.

Плажите Кала Котиќо и Кала Бригантина, ќе можете да ги посетите само ако платите такса од три евра по лице заедно со резервацијата. Вашиот престој на овие плажи ќе биде неспоредлив со ниту еден друг, бидејќи локалните туристички водичи ќе ви прават друштво цело време.

Плажите Кала Брандинки, Лу Импосту и Кала Мариола го ограничуваат бројот на посетители

Плажите Кала Брандинки и Лу Импосту во североисточна Сардинија исто така имаат свои правила, но тие беа утврдени минатата година. 1.447 посетители можат да ги посетат овие плажи дневно вон сезона, додека во шпицот на сезоната (помеѓу 1 јуни и 30 септември), дневно им е дозволено да ги посетат 3.352 туристи. Правилото за овие плажи е дека посетите мора да се резервираат однапред преку апликацијата Сан Теодоро или на истоимената веб-страница. Плажата Кала Мариола има слична политика, со ограничен број на посети на 700 по сезона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни