Search

Се одбележуваат денови на полското наследство во земјава

На 11 мај во 12 часот во Градскиот парк, на сцената „Школка“, ќе биде организиран концерт насловен како „Шопен под отворено небо“, каде ќе настапи македонскиот познат пијанист Дино Имери. Концертот е од отворен тип и е организран од Амбасадата на Полска по повод одбележување на Денови на полското наследство во Република Северна Македонија.

Во рамки на Деновите на полското наследство се одбележува и месецот на полска литература со продолжување на проектот „Полска на полица“ и дарување на книги од полски автори на библиотеките низ земјата.

Во склоп на ова се организира конкурс за деца на возраст од 5 до12 години кои ќе треба да нацртаат книжевен лик од книга од полски автор која ќе ја прочитаат и за возрасните читатели кои ќе треба да напишат рецензија на прочитана книга од полски автор. Планирани се и средби со автори и тоа за возрасни на 13 мај во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје средба со Војќех Јагиелск и за деца на 16 мај во 17 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје средба со Роксана Јенджејевска – Врубел 

Планирана е и изложба на детските цртежи од конкурсот,по завршување на истиот, во јуни.

На 23 мај 2024 г. во 11 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ-Скопје), Амбасадата на Република Полска во Скопје во соработка со Добредојде Македонија го организираат настанот „Polish tea/coffee morning“.

Најново

Последни колумни