Саудиска Арабија ги намали испораките на сурова нафта кон Европа откако напади со дронови го оштетија клучниот нафтовод што ја поврзува источната со западната страна на земјата. Европските купувачи, особено Полска, веќе бараат алтернативни извори на пазар на кој цените на физичките испораки значително се зголемија.
Според трговски извори цитирани од „Ројтерс“, Саудиска Арабија ги известила европските клиенти дека ќе откаже дел од испораките планирани за септември, додека привремено е запрено и товарењето на нафта во пристаништето Јанбу на Црвеното Море. Државната нафтена компанија „Сауди Арамко“ не ја коментирала ситуацијата.
Оштетен нафтоводот што беше клучна алтернатива на Ормускиот Теснец
Саудиските власти за нападите обвинуваат ирачки паравоени групи. Поради оштетувањето, во петокот бил затворен нафтоводот Исток-Запад, кој во изминатите шест месеци имал особено важна улога во извозот на саудиска нафта во услови на нарушено поморско снабдување преку Ормускиот Теснец.
Сега Ријад може да биде принуден повторно да испраќа поголеми количини нафта преку Ормускиот Теснец. Трговски извори за „Ројтерс“ велат дека тоа би можело да се одвива преку дискретни пратки, слично на практиката што веќе ја користат Обединетите Арапски Емирати и Ирак.
Според проценките наведени во извештајот, производителите од регионот во моментов успеваат да одржат извоз од околу 7 до 9 милиони барели дневно, што е само дел од количините што ги извезувале пред почетокот на конфликтот.
Цените повторно под притисок
Нарушувањето на саудиските испораки веднаш се одрази на пазарот. Фјучерсите за сурова нафта „Брент“ се тргуваа околу 108 долари за барел, додека цените на физичкиот европски пазар достигнаа и околу 122 долари за барел, според податоците на ЛСЕГ. Сепак, сè уште не е познато колку точно испораки кон Европа ќе бидат откажани ниту колку долго ќе трае прекинот на товарењето во Јанбу.
Податоците на аналитичката компанија „Вортекса“ покажуваат дека Саудиска Арабија во периодот од 7 до 13 септември натоварила околу 22 милиони барели на нафта на 12 танкери од терминалите Рас Танура и Џуајма. Тоа е приближно двојно повеќе од бројот на танкери што биле товарени неделно во претходните три недели.
Полска бара нови извори
Една од компаниите што веднаш почувствува потреба да обезбеди алтернативно снабдување е полската „Орлен“. Според пет извори од индустријата, компанијата забрзано бара дополнителни количества сурова нафта од Северното Море и од други региони за да го надомести евентуалниот недостиг од Саудиска Арабија.
„Сауди Арамко“ е главен снабдувач на „Орлен“ од 2022 година и денес обезбедува околу 40 отсто од потребите на компанијата. Тоа ѝ помогна на Полска значително да ја намали зависноста од руската нафта, но истовремено создаде нова зависност од еден голем производител. Од „Орлен“ велат дека засега нема прекини во снабдувањето на нивните рафинерии и дека компанијата активно управува со залихите и набавките во зависност од производството и состојбата на пазарот.
Северно Море, САД, Алжир и Гвајана како алтернативи
Според индустриски извори, „Орлен“ веќе купил неколку пратки на нафта од Северното Море, меѓу кои сорти од Гране, Јохан Свердруп и Јохан Кастберг. Компанијата истовремено бара и други извори, меѓу кои американската ВТИ Мидленд и казахстанската ЦПЦ Бленд.
Во вторникот бил објавен и нов тендер за набавка на нафта од Северното Море или Алжир за испорака во октомври, како и нафта од Гвајана за ноември. „Орлен“ управува со рафинерии во Полска, Литванија и Чешка. Според податоците на аналитичката компанија „Кплер“, од почетокот на годинава полското пристаниште Гдањск прима