Слики пред и после: Погледнете што остана од саудискиот нафтовод

Иранската државна телевизија објави сателитски снимки кои прикажуваат тешки оштетувања на клучната рута за извоз на сурова нафта.

Сателитски снимки направени пред и по ударите врз саудискиот нафтовод Исток-Запад ги откриваат размерите на уништувањето на стратешката пумпна станица, пренесуваат регионалните медиуми. Материјалите што ги емитуваше иранската државна радиотелевизија ИРИБ прикажуваат опожарени погони и погодена инфраструктура на линијата преку која Ријад дневно пренасочуваше околу пет милиони барели сурова нафта за да го заобиколи блокираниот Ормуски теснец.

Иранските извори тврдат дека поправката на уништените сегменти ќе бара долг временски период, проценувајќи го застојот од неколку месеци до цела година. Официјален Техеран штетите им ги припишува на удари изведени од јеменските сили.

Оштетениот цевковод се протега на повеќе од 1.200 километри, поврзувајќи ги наодните полиња на истокот од земјата со црвеноморското пристаниште Јанбу на запад. Овој коридор доби улога на главна артерија за саудискиот енергетски извоз во услови кога пловидбата низ Ормускиот теснец е сопрена.

Саудиските власти потврдија дека веднаш по првичниот удар превентивно го прекинаа протокот на сурова нафта низ целиот систем, со цел да се ограничи ризикот од дополнителни хаварии додека траат безбедносните и техничките проценки на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс